Viber и Mastercard ја стартуваат услугата за моментален пренос на пари

- Advertisement -

Корисниците на апликацијата Viber наскоро ќе можат меѓусебно лесно да испраќаат пари користејќи ја новата опција наречена Moneytou. Оваа услуга е развиена во Унгарија и најпрвин ќе работи со картички издадени во Унгарија, но планирано е услугата да се претстави и на други пазари на глобално ниво. Новата опција ја користи технологијата Mastercard Send, што е резултат на соработката на Rakuten Viber и Mastercard и на кориснциите им овозможува да испраќаат и да примаат пари моментално преку апликацијата на сигурен, брз и едноставен начин.

Услугата Moneytou ја разви NeoPay за да им ја направи достапна на клиентите на најголем дел од унгарските банки Средствата во рок од неколку минути ќе се појавуваат на сметките на примателите, дури и ако испраќате за време на викенди или во вечерните часови, а износот веднаш ќе може да се троши со плаќање со картичка или да се подигне на банкомат.

- Advertisement -

Корисниците можат да регистрираат и повеќе екартички во апликацијата Viber и да ја изберат картичката која ќе се користи за секоја трансакција. За да ја стартуваат оваа услуга мора да ја изберат иконата на Moneytou во апликацијата Viber. Потоа можат да испраќаат пари на пријатели или на членови од семејството без да мора да користат броеви од жиро сметки или да чекаат да се изврши трансферот.

Целта на компанијата во првата фаза од ширењето е привлекување на повеќе од 25 милиони корисници на Rakuten Viber во Украина, Романија, Србија и во Бугарија.

Сподели!
- Advertisement -