По скапиот Mate X, Huawei планира и повтини телефони на преклоп

- Advertisement -

Телефоните на преклоп се најжешка тема на пазарот за мобилни уреди. Новиот дизајн отвора нови можности за користење, па телефоните ќе можеме да ги користиме и како таблети, но и како паметни часовници, но новата и напредна технологија доаѓа и со своја цена. Речиси 2.000 долари во случајот на телефонот на преклоп на Samsung, односно околу 2.600 долари за Huawei Mate X, кој беше неодамна претставен на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Но, секако, Huawei нема да остане само на еден телефон на преклоп, туку како што им кажа на новинарите на саемот директорот за маркетинг на производи  Клемент Вонг, неговата компанија подготвува нови модели на телефони со такви екрани кои во иднина би требало да станат стандард. Новите уреди ќе се продаваат по различни цени, што значи можеме да очекуваме и поевтини модели кои ќе бидат попристапни и достапни за поголем број луѓе.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -