Ова се топ 10 најздрави земји во светот!

- Advertisement -

Почнувајќи од 1871 година САД се најголема економија во светот, економска сила која зазема речиси 1/4 од светската економија благодарение на напредната инфраструктура, технологијата. За жал, сето тоа богатство не значи и добро здравје за жителите. а тоа го покажува и индексот со најздрави земји во светот Bloomberg Healthiest Country Index за 2019 година.

Индексот рангира 169 економии во светот базирано на поени за фактори како што се просечниот животен век и одземање поени за ризици како тутунот и гојазноста. Исто така, се земаат предвид и други фактори како пристапот до чиста вода и санитарните услови.

- Advertisement -

Значи, кој се наоѓа на чело годинава? Шпанија, 14-тата најголема економија во светот, се најде на врвот за 2019 година. Ова е целосната листа со топ 10 најздрави земји во светот.

1. Шпанија
2. Италија
3. Исланд
4. Јапонија
5. Швајцарија
6. Шведска
7. Австралија
8. Сингапур
9. Норвешка
10. Израел

- Advertisement -

Шпанија се најде на врвот од повеќе причини. Еден од најбитните фактори е тоа дека има еден од најдолгите  животни векови на луѓето во Европската унија и на глобално ниво заостанува само зад Јапонија и Швајцарија. До 2040 година се очекува да има најдолг животен век во светот – 80 години, а по неа ќе следуваат Јапонија, Сингапур и Швајцарија. Земјата забележа и пад на кардиваскуларните заболувања и смртните случаи поради рак во изминатата деценија. Примарната грижа ја обезбедуваат јавни институции, приватни семејни доктори и медицински сестри, кои се грижат и за децата, постарите луѓе и за болните од акутни и хронични заболувања. Како што се наведува во индексот на Bloomberg, медитеранската диета, која се користи во Шпанија и во Италија, докажано е една од најздравите во светот.

Сподели!
- Advertisement -