iPhone X пристигна во продавниците

- Advertisement -

Apple го пушти во продажба ширум светот iPhone X

Телефонот беше промовиран на годишниот настан на компанијата на 22 септември кога беа претставени сите негови карактеристики, подобрувања и иновации.

Новиот телефон веќе го нема Home копчето – се отклучува со скенирање на лицето со помош на FaceID технологијата за препознавање на лице. Биометриското препознавање на лице наводно е многу попрецизно од TouchID технологијата за скенирање на отисок од прст која ја имаа досегашните модели, вклучувајќи го и iPhone 8.

- Advertisement -

Освен отклучувањето, новиот iPhone X има 3Д емотикони и е водоотпорен. Екранот се адаптира на осветлувањето во околината, а звучнити се погласни и со подлабок бас.

iPhone X беше претставен како иднината на паметните телефони. Моделот има и „супер ретина“ екран кој работи со OLED технологија за поинтензивни бои и поостри слики.

- Advertisement -

Достапен е во црна и бела боја, по цена од скоро 1.000 долари за моделот си 64 GB, односно 1 150 долари за моделот со 256 GB.

(N1 Info)

Сподели!
- Advertisement -