Стартувањето нов бизнис не е мал потфат и постојат бројни фактори кои треба да се земат предвид. За бизнисот да може да ги надмине сите потенцијални препреки битно е да се направи истражување и што поподготвени да стапнете на пазарот. Според SmallBusinessAdministration, околу 50% од сите нови компании престануваат со работа за пет години.
Самото создавање компанија е тешко – од идејата, планирањето и вреднувањето на идејата до собирањето средства, вработувањето и остварувањето профит. На тој пат има многу тешкотии кои лесно би можеле да го уништат бизнисот. Но, читањето може да биде многу корисно за подобро да се снајдете во светот на бизнисот. Информациите кои ќе ги апсорбирате од овие три книги можат да ви помогнат да ги избегнете сите препреки кои стојат меѓу вас и успехот.
The Lean Startup: How Today’s Entrepreneurs Use Continuous Innovation to Create Radically Successful Businesses, Ерик Рајс
Една од најголемите тешкории со кои ќе се соочите при стартување бизнис е управувањето со парите. Веројатно ретко кој може доволно јасно да ви ја објасни важноста на управувањето со парите во сопствената компанија, но Lean Startup е книга осмислена да служи како водич низ многуте промени кои ги носи стартувањето нов бизнис. Ќе научите како ефикасно да управувате со својот буџет, овозможувајќи ви слобода да бидете иновативни и самите да си го пробиете патот во светот на бизнисот. Ако сакате бизнисот да ви напредува, мора да имате прецизно и ефикасно управување со буџетот.
The Founder Dilemmas: Anticipating and Avoiding the Pitfalls That Can Sink a Startup, Ноам Васерман
Книгата се базира на истражувањето кое го спровел Васерман на Универзитот Принсто. Тој ги проучувал бројните индустрии и детално ги опишувал различните искуства – добрите, лошите, непријатните. Книгата е неверојатна затоа што користи препознатливи примери на компании како Twitter и многу други. Во книгата фокусот се става на помошта претприемачите зa преземат проактивни чекори за да се спречи правење грешки, кои може да имаат големо негативно влијание на нивната работа. Ова сигурно е книга која ќе мора да ја прочитате ако сакате да основате компанија.
The Disney Way: Harnessing the Management Secrets of Disney in Your Company, Бил Каподагли и Лин Џексон
Авторите на оваа книга завршија одлична работа објаснувајќи како мантрата на Волт Дизни, „Сонувај, верувај, осмели се, направи“ по,ага да се транформираат компании ширум светот. Со помош на оваа книга ќе научите како да создадете најпродуктивна, најефикасна и напозитивна средина за вас и за вашите вработени, како и за клиентите. Усвојувањето на начинот на работа на Дизни може да одигра битна улога во вашата деловна култура и да влијае на вашата индустрија.