Шест начини за мотивација на продажбата во вашиот тим

- Advertisement -

Секојдневно, луѓето од вашиот тим за продажба се соочуваат со ситуации кои не зависат само од вас како лидер или од компанијата, туку и од други надворешни фактори кои влијаат на нивната мотивација. Можеби клиентите постојано ги одбиваат или можеби не е вистинското време за да се продаде вашата услуга или вашиот производ на пазарот.

За да можат да остваруваат успешни продажби, луѓето кои работат во овој сектор мораат постојано да имаат елан да го претставуваат производот, а за да го направат тоа мора да бидат мотивирани во секое време.

- Advertisement -

Ако сакате да го подобрите успехот на вашиот сектор за продажба, мотивацијата мора да ви биде приоритет. Еве неколку тактики со кои можете да ја поттикнете.

1. Поставете цели

- Advertisement -

Иако ова можеби ви звучи очигледно, мора да се потенцира бидејќи е важно. На тимот за продажба му е потребна цел кон која ќе се движи.  Осигурајте се дека целта која ќе ја поставите нема да биде невозможна, односно да биде достапна. Целта треба помалку да ги плаши, а воедно и да ги возбудува вашите вработени.

2. Фокусирајте се на целта

- Advertisement -

Луѓето кои си ја сакаат работата се поуспешни во истата. Според истражувања на Gallup, организации со помала вклученост на вработените се 18% помалку продуктивни.

Како менаџер, вашата работа е да ги држите луѓето за продажба вклучени и целосно посветени на мисијата на компанијата. Почнете со тоа што ќе им објасните што значи мисијата на компанијата и како секој вработен е вклучен во истата. Анкетата на Deloitte за очекувањата на милениумците од работата покажала дека шест од десет милениумци сакаат да работат на позиција со која ќе се чувствуваат дека работат на остварување одредена цел. Кога ќе им дадете цел на вработените, ќе ги инспирирате да работат понапорно.

3. Изградете доверба

Основата на мотивацијата е довербата. Ако тимот не ви верува и не верува дека мислите на нивните интереси, тешко дека ќе успеете да ги инспирирате да работат понапорно.

За да бидете ефективен лидер, потребна ви е доверба од вработените која ќе ја изградите со тоа што ќе бидете транспарентни и директни со нив. Ако сметате дека постои некој проблем, веднаш почнете да комуницирате и обидете се да го решите.

Кога работите со членови од тимот, гледајте соработката да се базира на помош. Не упатувајте остри критики, туку нудете помош и конструктивност. Мора да создадете работна околина во која вработените ќе се чувствуваат дека ги цените и дека се вклучени.

4. Вклучете ги другите

Лесно им е на луѓето кои работат со продажба да обвинат некој друг доколку работите тргнат наопаку. Можеби маркетинг секторот не го испромовирал производ како што треба или корисничката поддршка не реагира на време на жалбите.

За да се изборите со ваквите ситуации, срушете ги ѕидовите помеѓу сите сектори на компанијата и запознајте ги секторите за продажба, маркетинг, корисничката поддршка и девелоперите меѓусебно.

На овој начин луѓето од тимот за продажба ќе се чувствуваат дел од кругот и доколку има некој проблем директно ќе комуницираат со останатите сектори со што работата ќе тече ефикасно и продуктивно.

5. Изградете култура на признанија

Тимот за продажба сака да биде награден. Провизија се очекува, што значи мора да вложите дополнително во признавањето на нивните достигнувања.

Еден начин е да организирате вечери секогаш кога ќе се склучи одличен договор кој значително ја зголемил продажбата. На ваквите вечери мора да го поканите целиот тим со што тие ќе стекнат чувство за припадност и ќе ги слават тимските успеси. Секој од тимот ќе сака да се најде на тоа место, да прими јавно признание и следниот пат вечерата да се организира поради неговото достигнување.

Ова не само што ќе направи да се чувствуваат дека вредат, туку и ќе ги мотивира да работат напорно и да работат заедно.

6. Бидете креативни

Наградите не мора секогаш да бидат парични. Некогаш можете да му се заблагодарите на тимот на забавен начин. Почнете да размислувате широко и информирајте се за забавни и креативни активности кои ќе ги спроведете со тимот.

Не плашете се и да побарате мислење од тимот за ваквите активности, но и да ги прашате што е она што ги мотивира. Можеби ќе се изненадите, но сетете се, не секој се мотивира на истиот начин. За почеток, бидете отворени и не плашете се да имплементирате различни тактики бидејќи никогаш не знаете што е она што ќе успее.

Сподели!
- Advertisement -