Пет совети за сајбер безбедност на малите бизниси во 2021 година

- Advertisement -

Многу мали бизниси се навистина лесна мета за сајбер криминалците. Големите компании се поподготвени за справување со посериозни сајбер закани затоа што онвестираат поголеми ресурси во алатки за нивно спречување. Малите компании едноставно немаат соодветна инфраструктура. Исто, така, тие почесто аутсорсираат некои процеси на други компании, кои исто така се жртви на сајбер криминал.

Затоа не е изненадување што најголем дел од нападите во текот на оваа пандемиска доба биле извршени на мали бизниси. За среќа, има неколку работи кои можеѕе да ги преземете за да се заштитите од такви напади.

- Advertisement -

1.Не ја потценувајте вредноста на вашата компанија за хакерите

Малите компании можеби се залажуваат дека нивната работа не е толку битна за да имаат потреба од безбедносно решение, но сајбер нападите не само што стануваат се почести, туку се и пософистицирани. Некои хакери можат да го укрљадат идентитетот на една компанија за да ограбат друга компанија. Малите бизниси исто така можат да изгубат интелектуална сопственост или некои битни податоци од истражување или чувствителни информации на корисниците.

- Advertisement -

2.Чувајте копии од се

Нападите во кои се бара откуп се вршат со софтвер кој ве спречува да пристапите до системот доколку не платите откуп. Од 2016 година досега нивниот број се зголемува – IBM забележал раст од 6.000% на глобално ниво. Во текот на пандмеијата уште повеќе зачестија и почнаа да таргетираат и болници или ИТ системи на здравствени установи. Компаниите се уште се наоѓаат во незгодна ситуација да плаќаат откуп затоа што не чуваат копии од ништо.

- Advertisement -

3,Правете симулации

Малите бизниси треба да ја тестираат својата подготвеност да реагираат на сајбер напад. Ако сакате да знаете колку ви е лоша стратегијата за одбрана од таков напад, направете симулација. Можеби голем дел од вработените не ги менуваат лозинките на скои 30 дена или можеби лесно паднале во некоја фишинг измама. Многу често пробивањето на системите на компаниите се случува затоа што компаниите не одржуваат соодветна сајбер хигиена.

4.Буџетот за сајбер безбедност треба да е пропорционален со изложеноста на опасност

многу мали бизниси имаат ограничени ресурси за сајбер безбедност, но кога одлучуваат колку ќе инвестираат мора да мислат на тоа колку би изгубиле ако некои податоци им бидат украдени. Може да се случи да ви блокираат пристап до суштински податоци, па да платите откуп кој во ниту еден случај не можете да си го дозволите.

5.Инвестирајте во алатки за скенирање

Треба да инвестирате во скенер на изложеноста на напади, односно автоматски софтвер кој редовно ги скенира мрежите, веб серверите и апликациите. Таквата алатка ќе ви даде една слика за тоа кои ви се слабостите за да знаете кои дупки ги имате во инфраструктурата.

(Inc.com)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -