Четврта образовна револуција – за десет години професорите ќе ги заменат роботи

- Advertisement -

Сер Ентони Велдон е канцелар на Универзитетот Бакингем во Велика Британија, а дојде во центарот на вниманието со својата интересна прогноза дека за 10 години професорите ќе ги заменат роботи.

„Сигурно е дека вештачката интелигенција ќе ги промени нашите животи. Се ќе се смени за само неколку години, а во преодниот период професорите односно роботите ќе служат само за да ја постават опремата и да одржуваат дисциплина во училниците. За десет години отсега ни тоа нема да биде потребни. На многумина ова нема да им се допадне, но тоа е реалноста и ние не можеме ништо освен да се прилагодуваме“ вели Селдон.

- Advertisement -

За некои оваа негова прогноза е негативна, но тој смета дека ова е исклучително позитивно затоа што нагласува дека благодарение на таквиот напредок и помалите инвестиции ќе профитира целиот образовен сектор.„Сите деца ќе имаат најдобра можна едукација и повеќе нема да биде битно дали учите во приватно или државно училиште. Разликата ќе биде само во изгледот на училните, масите, столовите… Професорите-роботи ќе бидат на исто ниво за сите и на тој начин сите деца ќе уживаат во исти услови“ објаснува тој.

На оваа тема Селдон пишува и книга со наслов „Четврта образовна револуција“, која ќе се најде во продажба во 2018 година. Според него, првата револуција била кога луѓето научиле да преживуваат со лов, одгледување храна и изградба на населби. Втората е кога организирано почнале да го споделуваат знаењето што го имале, а третата е кога е измислена машината за печатење. Тоа значи дека на четвртата револуција се чекало цели 600 години. Останува да почекаме и да видиме како ќе изгледа новата револуција.

- Advertisement -

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -