Том Круз инсистира да снима продолжение на „Невозможна мисија“ во Италија за да и помогне да закрепне

- Advertisement -

Кога Том Круз престана да ја снима „Невозможна мисија 7“ во Италија и тоа беше битен показател колку е сериозна ситуацијата со корона вирусот во земјата. Меѓутоа, актерот сега е одлучен во намерата да продолжи снимањето во Италија. Легендата на Холивуд ќе се врати во Венеција штом ќе му дозволи италијанската влада.

Имено, извори блиски до актерот велат дека Том Круз одбива да го снима филмот на кое било друго затоа што тие милиони долари колку што чини филмот сака да ги остави во Италија и на тој начин да им помогне на една од најтешко погодените земји од корона вирусот да застане на нозе.

Италија неодамна почна да ги ублажува мерките за ограничување на движењето, па веќе се водат разговори за продолжување на снимањето на „Невозможна мисија 7“.

Сподели!
- Advertisement -