- Advertisement -
Производителите на чевли и патики и нивните дистрибутери, меѓу кои се Adidas, Nike, Puma и Steve Madden, побараа од американскиот претседател Доналд Трамп веднап да ги повлече патиките од списокот со стока произведена во Кина која подлежи на дополнителни царини.
Трамп на 13 мај и наложи на администрацијата да покрене процедура за зголемување на царините на речиси сета стока увезена од Кина. „Дополнителни 25% царина на чевлите и патиките би биле катастрофални за нашите купувачи, нашите компании и целокупната американска економија“ напишаа компаниите во писмото до Трамп.
Производителите и стоковите марки (Converse, Clarks, Crocs, Foot Locker, Reebok) напоменуваат дека царини на увезените производи плаќаат американските купувачи. „Ви гарантираме дека секое зголемување на цената на увозот ќе има директен ефект врз американските потрошувачи“ се вели во писмото.
САД на почетокот на мај повеќе од двојно ги зголеми царините на увозот на кинеска стока во вредност од 200 милијарди долари од 10% на дури 25%. Кина на тоа одговори со најава дека од почетокот на јуни ќе ги зголеми царините до 25% на американскиот увоз вреден 60 милијарди долари.
- Advertisement -