Бразилскиот затвор АРАС им ги дава клучевите од ќелиите на затворениците

- Advertisement -

Хоророт кој може да се види по бразилските затвори не може да го издржи секој. Бруталност, ендемично насилство, бунтови и сериозна преполнетост е сликата за затворите во Бразил и токму затоа е познато дека Бразил има еден од најлошите казнени системи во светот.

Бразил има речиси 700.000 затвореници, што е една од најголемите бројки во светот после САД и Кина. Бразилскиот казнен систем е под голем притисок поради огромниот број криминалци – има 165% повеќе затвореници отколку што дозволува просторот на казнените установи, па некои од затворениците немаат место ни каде да легнат.

- Advertisement -

Но, APAC или системот затвори наречен Асоцијација за заштита и помош на осуденици работи на сосема поинаков начин. Овој затвор им ги дава клучевите од ќелиите на затворениците. Таму нема чувари, ниту пиштоли, а затворениците сите се третираат како луѓе со свој идентитет, а не како броеви.

Некогашните насилни криминалци денес се преобразени луѓе. Тие секој ден мора да учат, да работат и да се занимаваат со некое хоби. Во своите ќелии се враќаат само за спиење. Професионалната обука ќе им помогне полесно да најдат работа кога ќе излезат од затвор. Само 20% од затворениците кои излегле од овој затвор повторно прават некаков прекршок кога ќе излезат на слобода, што е мнгу помала бројка споредено со 70% во традиционалните затвори.

- Advertisement -

Најбитно од се е дека за одржување на овој затвор е потребна само една третина од парите кои се потребни за традиционалните затвори. Мотото на овој затвор е „Овде влегува само човекот, а криминалот останува надвор“. Затворот им помага на затворениците да се реформираат така што им дава одговорност и доверба.

Во рамките на целиот систем во Бразил има 50 вакви затвори, а уште 100 нови ќе бидат изградени. Концептот на овие затвори е идеја на Владеци Фереира, поранешен учител

- Advertisement -

This Brazilian jail gives prisoners the keys to their cells

The aim is recuperation, not retribution. 📕 Read more: https://wef.ch/2QX37Zm

Posted by World Economic Forum on Четврток, 13 јуни 2019

 

Сподели!
- Advertisement -