Загадувањето на воздухот во Европа убива 1.200 деца секоја година

- Advertisement -


Новиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA) открива дека над 1.200 деца помлади од 18 години умираат секоја година од загадувањето во Европа. Изложеноста на загадувањето го зголемува ризикот од развој на хронични болести подоцна во животот.

„Се проценува дека секоја година во земјите-членки и во земјите кои соработуваат загадувањето на воздухот предизвикува над 1.200 смртни случаи и губење на над 110.000 животни години поради инвалидитет“ веалт од ЕЕА.

- Advertisement -

Извештајот проучувал 32 земји-членки на ЕЕА, вклучувајќи 27 држави од ЕУ и земји со кои соработуваат, како што се Албанија, Србија и Црна Гора. Извештајот не вклучува неко индустриски тешки земји кои се граничат со ЕУ, како што се Велика Британија, Украина и Русија, кои би го зголемиле тој број на жртви.

Според извештајот, над 90% од урбаното население во Европа било изложено на нивоа на загадување над насоките на СЗО за квалитет на воздухот од 2021 година, а 97% биле изложени на најштетни загадувачи во воздухот, PM 2,5. Тие стини честички се примарен причинител на водечките причини за предвремена смрт, срцеви заболувања и мозочни удари, болести на белите дробови и рак на бели дробови, како што се наведува во извештајот.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -