Некои држави веќе имаат планови за за забрана на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување, додека големите компании инвестираат милијарди долари во развој на технологии за електрични возила и батерии. Расте бројот на станици за полнење на електричните автомобили, како и нивната продажба, но ќе помине доста време додека продажбата на електричните автомобили ја надмине продажбата на бензинци и дизелаши.
Голем чекор напред кон електричната револуција најавија од Hondа. Јапонскиот производител на автомобили од 2022 година на европскиот пазар ќе продава само електрични и хибридни автомобили. Тоа беше најавено во Амстердам при презентацијата на електричната верзија на моделот Jazz.
Honda прво ќе престане со продажба на дизелаши на стариот континент, што ќе биде за две години отсега и фокусот ќе биде ставен на возилата со електрични мороти, а после Европа сличен план имаат и за другите пазари.
Еден од потенцијалните клучни елементи за успех на овој план на компанијата е моделот Honda e – автомобил со ретродизајн и мали димензии наменет за градската гуѓва. Од јапонската компанија веруваат дека барем засега повеќе има смисла да развиваат градски автомобили со електрични мотори, а не лимузини или теренци. Имено, за градскиот метеж не е потребна голема батерија затоа што нема големи растојанија.