Со напредокот на технологијата бројни компании вградуваат сензори за препознавање лице во разни уреди, па така и гигантот меѓу социјалните мрежи воведе опција враќање на стари профили во системот со препознавање на лице. Гласините за новата опција почнаа да кружат на Twitter, а потоа и Facebook ги потврди информациите за Tech Crunch.
Како што обично бидува со новите опции, тие сега се достапни само за ограничен број корисници затоа што Facebook ја проверува функционалноста на системот. Овој систем е дизајниран за да им помогне на корисниците да ги врата своите стари профили наместо да прават нови. Доколку некој го хакира вашиот профил, ќе можете преку камерата на вашиот мобилен телефон да си го скенирате лицето за да си го вратите пристапот до профилот.
„Тестираме брзи и лесни опции за луѓето кои сакаат да потврдат дека се сопственици на профил на кој не можат да се пријават од повеќе причини. Оваа опција е достапна само за уреди од кои веќе сте се пријавувале на профилот“ велат од Facebook.
(Klix.ba)