Nike прекина да продава свои производи на Amazon

- Advertisement -

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, Nike, одлучи да ја прекине соработката со Amazon. Партнерството беше дел од стратегијата на Amazon за привлекување на големите модни брендови, а иако со години одбиваше, спортскиот гигант во 2017 година прифати да ги продава своите производи на страницата на една од најголемите американски компании во замена за построга контрола на копиите и ограничување на неавторизираната продажба.

Имено, тоа изгледаше како најдобар начин за контрола над производите со знакот на Nike, кои со години се продаваа на страницата, но не директно од спортскиот гигант. Сепак, бројни неовластени трговци и понатаму преку онлајн страницата на Amazon продавале производи на Nike, но под нивни имиња, па официјалните производи имаа помалку коментари и полоши оценки затоа што биле полошо позиционирани на страницата. Директорите на спортската компанинија биле незадоволни од тоа и одлучиле да ја прекинат соработката.

- Advertisement -

Страницата на Amazon се најде под големи критики поради зголемената продажба на трети страни, односно неовластени продавачи. Од друга страна, според извори на Bloomberg, бидејќи компанијата на Џеф Безос веќе некое време била свесна дека Nike сака да се повлече од договорот, тие самите ги регрутирале таквите продавачи за брендот и понатаму да биде присутен на страницата. Сепак, факт е дека тие продавачи денес се мнозинство од продавачите на производи од таа компанија – пред десет години тие биле само 30%, додека лани достигнале 60%.

Она што сега се поставува како прашање е дали и другите партнери на Amazon ќе го следат примерот на Nike, што не би било неверојатно со оглед на тоа дека многу брендови веќе изразија незадоволство од копиите на нивните производи на овој е-трговец. Покрај тоа, многумина се плашат дека ако му дозволат контрола на Amazon врз цените на нивните производи, тие губат на вредност. Сепак, мал дел од компаниите можат да си дозволат да се повлечат од Amazon.

Сподели!
- Advertisement -