Римац објави ново видео од својот суперавтомобил и откри кога ќе почне испораката

- Advertisement -

Од Rimac Automobili денес објавија видео кое изгледа како најава за некој научно-фантастичен филм, а главната ѕвезда во видеото е новиот прототип кој хрватската компанија го најави како C_Two и моментално е во тест-фаза.

Суперавтомобилот се тестира на стази и на тест полигони ширум светот, а првиот сет прототипови од пролетоска е на тестирање на динаимката на возилата, погонот на пасивна безбедност и безбедност при судири.

- Advertisement -

Додека трае тестирањето во Rimаc паралелно подготвуваат и кончено производство на верзијата на моделот C_Two која ќе биде прикажана на саемот за автомобили во Женева во марк идната година, каде што ќе се знае и официјалното име на автомобилот. Тој модел ќе се разликува од претходниот концепт кој го прикажаа во 2018 година и годинава. Испораката на првите автомобили треба да започне кон крајот на идната година.

Сподели!
- Advertisement -