Европскиот производител на авиони Airbus го претстави моделот за кој верува дека може да биде дизајн на иднината на патничките авиони.
Моделот Maveric, претствавен е во вторникот на Сингапурскиот саем на авијација 2020 година.
Новиот дизајн се обидува да се спротивстави на долгата традиција каде трупот е во форма на цевка.
Моделот одразува како би изгледал дизајнот на едно големо крило, концепт кој најчесто се користи кај воените авиони.
Maveric е во почетните фази на развој. Airbus го лансираше проектот во 2017 година и започна со тестирање на мал модел со далечинско управување во 2019 година.
Иако изгледа како да е од научно-фантастичен филм, авионите со дизајни како Maveric можат да станат реалност.
Со оглед на тоа дека авионите ќе бидат многу пошироки, внатрешноста на авионите ќе биде поинаку организирана, бидејќи ќе има повеќе простор.
(denar.mk)