Натурализираните Црногорци Веи Сенг Пуа и Петрос Статис преговараат во бизнис со Црна Гора да го вклучат и еден од најбогатите Кинези во светот, милијардерот Џек Ма, сопственик на онлајн продавницата Alibaba.
По интернет неофицијално од повеќе извори е потврдено дека двете страни преговараат, а непознато е дали Џек Ма би влегол во заеднички бизнис или би го презел управувањето со најатрактивниот дел од црногорското приморје, односно хотелскиот комплекс „Свети Стефан“ – Милочер и хотелот „Маестрал“.
Бизнисмените од кинеско-малезиско, односно грчко потекло се сопственици на компаниите Adriatic properties и Fasamo, преку кој управуваат со „Свети Стефан“ и хотелот „Маестрал“.
Ма воведе е-трговија со Кина и минатата година официјално се повлече од местото извршен претседател на Alibabа, компанија чија вредност е проценета на 480 милијарди долари. Неговото лично богатство се проценува на 39 милијарди евра.