Научници пронајдоа микропластика и таму каде што мислеа дека ја нема

- Advertisement -

Микропластиката ја пронаоѓаме секаде, дури и високо во Земјината тропосфера, каде што поради брзината на ветрот може да помине големо растојание, покажа нов студија. .

Микропластиката ја сочинуваат ситни делови од амбалажа, облека, возила и други предмети кои се помали од 5 мм, а досега се пронајдени на Земјата, во водата и во воздухот.

- Advertisement -

Научници од Францускиот национален истражувачки институт CNRS проучувале примероци од воздухот на висина 2877 метри во опсерваторијата Пик ди Миди во француските Пиринеи.

Станува збор за т.н. чиста средина, затоа што локалната клима и околината имаат ограничено влијание на неа. Научниците таму секоја недела тестирале 10.000 кубни метри воздух во периодот од октомври 2017 година и пронашле микропластика во сите примероци од воздухот.

- Advertisement -

Користејќи ги метеоролошките податоци го пресметале потеклото на честичките и откриле дека некои потекнуваат дури од Северна Африка и Северна Америка.

Главниот автор на студијата, Стив Ален, од канадскиот Универзитет Далхаузи, вели дека честичките можеле да ја поминат таа далечина поради големата висина. Тој вели дека кога Габриел честички ќе влезат во тропосфера, таму е како на супер брз автопат.

- Advertisement -

Тој додава дека морското потекло на микропластиката е најинтересен момент затоа што ако пластиката од океанот може да се искачи таму горе, повеќе нема да се спушта.

Иако количината на пластика на таа висина не претставува опасност по здравјето, сепак честичките се доволно мали за да може да се вдишат.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -