Новите телефони на Apple ќе се отклучуваат со скенирање на лицето

- Advertisement -

Пред да го претстави новиот iPhone X имаше многу шпекулации за иднината на Touch ID технологијата кај телефоните на Apple. На крајот се случи оваа технологија воопшто да не е имплементирана во најновиот телефон iPhone X. Сега приказната продолжува иако уште сме далеку од новата 2018 година и нема достапни iPhone X телефони на пазарот.

Еден од најпознатите и најпризнаени аналитичари кога е Apple во прашање, Минг Чи Куо, веќи дека идната година Apple целосно ќе ја отфрли Touch ID технологијата и ќе се сврти кон Face ID, која ја претстави токму со паметниот телефон iPhone X.

- Advertisement -

Како што тврди Куо, Apple има Face ID технологија која е далеку пред конкуренцијата, па iPhone нема да може да се отклучи со едноставно оставање на фотографија, туку  сензорите ќе мора да ги отчитаат целосните контури на лицето и да поврзат преддефинирани точки.

Сега не можеме да потврдиме дека со сигурност паметните телефони  од серијата iPhone 8 се последните кои ќе бидат со Touch ID, но сите се сложуваат дека ваквата одлука на Apple не е невозможна, ниту треба да се третира како изненадување.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -