Колку сме зависни од паметните телефони?

- Advertisement -

Износот од неверојатни 370 милијарди долари, колку што годишно се вртат на пазарот за паметни телефони, говори се. Колку и да се трудат луѓето да ја игнорираат оваа вистина, нема сомнение дека пазарот за паметни телефони е еден од најисплатливите во ИТ индустријата – иако цените на уредите неоправдано растат, луѓето сепак трчаат по најновите модели. Дали сме зависни од паметните телефони глобално или како поединци? Најновото истражување на аналитичката куќа Counterpoint со седиште во Азија дава одговор на тоа.

Истражувањето открива дека дури 26% од корисниците на паметни телефони признаваат дека дневно телефоните ги користат просечно повеќе од 7 часа. Можеби тоа не ви изгледа премногу, но доколку се обидете целиот ден да го поделите на активностите кои ги вршите, 7 часа е претерано.

- Advertisement -

Истражувањето открива и дека 29% од корисниците своите паметни телефони во просек секој ден телефоните ги користат од 3 до 5 часа, 21% ги користат од 5 до 7 часа, 20% ги користат од 1 до 3 часа, а само 4% ги користат помалку од 1 час дневно.

Не е никакво чудо што паметниот телефон е најкористеното средство за комуникација, а 64% од корисниците велат дека својот уред најмногу го користат за пребарување на Интернет, играњето игри на паметен телефон е омилена активност кај 64% од корисниците, 56% на телефон најчесто разговараат, додека 54% најмногу ги користат телефоните за пишување пораки.

- Advertisement -

Нешто помалку од 2 години, односно 21 месец е просечниот „животен век“ на паметниот телефон, по што следува набавување нов, за кој повеќе од половина од корисниците се подготвени да издвојат повеќе од 400 долари.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -