Нова технологија за полнење батерии – од 0 до 100% за помалку од 10 минути!

- Advertisement -

Технологијата за полнење на батериите напредува со голема брзина и додека до неодамна чекавме по повеќе од еден час да ги наполниме батериите на телефоните до 100%, наскоро можеме да очекуваме да ги полниме за помалку од 10 минути. Таква технологија на годинашниот саем за мобилната индустрија Mobile World Congress во Барселона претстави кинеската компанија Oppo.

Станува збор за технологијата за полнење наречена 240W SuperVOOC Flash Charge, која има неверојатни резултати. Според компанијата, батерија со капацитет од 4500 може да се наполни до 50% за само 3,5 минути, додека за 100% потребни се 9 минути полнење.

- Advertisement -

Оваа технологија не е единствениот новитет што Oppo го претстави во Барселона. Имено, претставија и нов стандард за брзо полнење 150W SuperVOOC, благодарение на кој батериите ќе се полнат максимално за само 15 минути. До 50% батериите ќе се полнат за само 5 минути.

Добрата вест за таа технологија е што наскоро ќе ја видиме во новиот модел OnePlusa во текот на вториот квартал од годинава.

- Advertisement -

(Android Authority)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -