Toyota и Mazda формираа нова компанија за електрични автомобили

- Advertisement -

Toyota, Mazda и Denso потпишаа партнерство со кое заеднички ќе формираат нова компанија за развој на електрични автомобили. Ни Toyota ни Mazda не нудат целосно електричен автомобил во својата фела, па партнерството на две компании ќе им ги обезбеди основните структурни компоненти за електричен автомобил

За да преживеат во автомобилската индустрија од денешницата и од иднината, автопроизводителите мора да произведуваат неколку типови возила, вклучувајќи електрични и на батерии.  Toyota, Mazda и Denso одлучија да ги здружат силите за да развијат електрична технологија која ќе може да се примени на различни видови возила и да одговорат на предизвиците кои ги поставуваат трендовите на пазарот.

Новата компанија ќе се вика EV Common Architecture Spirit Co Ltd. и како основа ќе го користи продукт планирањето и компјутерското моделирање на Mazda, електронската технологија на Denso и платформата на Toyota, New Global Architecture. Платформата  TNGA веќе се користи за модели како 2018 Toyota Camry и последната генерацја на Prius. Toyota ќе поседува 90% од компанијата, додека Mazda и Denso ќе имаат по 5. Во новиот договор се вклучени повеќе модели на возила – од мини патнички возила до теренци и помалки камиони.

- Advertisement -

Toyota и Mazda заостануваат зад другите производители на автомобили бидејќи ниедна од двете компании не се фокусира целосно на електрични возила. Toyota главно се фокусира на хибриди, додека Mazda на подобрување на моторот со внатрешно согорување.  Со оглед на тоа колку земји сега бараат возила со нула емисија на штетни гасови, партнерството не замо што ќе им помогне на компаниите да ја стигнат конкуренцијата, туку многу брзо да понудат нови електрични возила. Од Mazda веќе најавија дека ќе понудат електрични автомобили до 2019 година.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -