Данска преку развој на е-спортови ќе го поттикнува вработувањето

- Advertisement -

Електронските спортови кај нас уште се резервирани за љубителите на видеоигрите и некои компании кои го препознале нивниот потенцијал, но во светот е-спортот е голем бизнис. Доволно голем за да го привлече вниманието на цели држави.

Така, данското Министерство за култура ги објави своите планови за создавање стратегија со која би се подобриле бизнис приликите на данската е-спорт сцена. Данската министерка за култура, Мете Бок најави создавање на законска рамка со која би се поттикнал развојот на е-спортовите, но и економијата поврзана со нив.

- Advertisement -

Многу млади луѓе, особено од машкиот пол, ги променија своите навики и начинот на дружење. Тоа создава можности, но и ја зголемува загриженоста на родителите. Затоа националната стратегија ќе го стави акцентот на развој на здрава околина и заедница на е-спорт играчи. Освен тоа, ќе се развива и систем на инвестиции во талентираните играчи, но ќе се води и грижа за тоа да не претераат во својата љубов кон е-спортот и да не го претворат во зависност.

Интересно е тоа што посебно внимание ќе се посвети на привлекувањето повеќе жени и девојки во е-спортот, но и поттикнувањето на претприемништвото и вработувањето во индустријата за електронски спортови во Данска. Колку сериозно го сфаќаат е-спортот во Данска зборува и фактот дека данскиот премиер, Ласк Локе Расмусен, прифати предизвик и заигра Counter-Strike: Global Offensive со најдобриот дански тим за е-спортови, Astralis. Откако ја покажа својата гејмерска умешност, Расмусен со новинарите сподели некои интересни податоци.

- Advertisement -

Имено. според статистиката, 96% од сите момчиња во Данска играат игри барем два пати неделно, а се наоѓаат во подруми и соби зад затворени врати, поради што родителите се прашуваат што прават тие.

„Родителите можат да го погледнат тимот Astralis и да видат дека гејмингот е одличен начин за запознавање луѓе во реалниот свет, за што се потребни добар сон и одлична исхрана, но и физичка активност“ изјави Расмусен.

Сподели!
- Advertisement -