Ова е најдобриот  хотел за гуми во Македонија

- Advertisement -

Да, добро прочитавте, хотел за гуми! Тоа го овозможува лидерот за пневматици во Македонија, „Пнеуматик“. Проверивме, изгледа навистина фантастично

Време е за прoмена на гуми. Законската обврска е од 15 ноември па се до 15 март сите возила во земјава да имаат соодветна зимска опрема, што подразбира задолжителна употреба на зимски гуми… Ако спаѓате во категоријата возачи кои гумите ги чуваат дома, треба да знаете дека во најголем дел од случаите чувањето е неправилно. Гумите или не се правилно наредени, или се несоодветно складирани, или се изложени на надворешни влијанија.

Веќе има совршено решение. Хотелот за гуми на „Пнеуматик“ кој се наоѓа во новиот објект во Скопје нуди идеални услови за вашите гуми. Менувањето на гумите се прави со претходно закажување на термин со што се избегнуваат вообичаените гужви во овој период од годината.

- Advertisement -

Хотелот за гуми на  „Пнеуматик“ е место каде што во идеални услови, според правила пропишани од производителот може да ги чувате вашите гуми. Ќе заштедите на време и нерви кога се менуваат гумите, но што е поважно ќе го продолжите векот на гумите. Новиот хотел за гуми има капацитет од 4.000 гуми, а надоместот за чување на Вашите гуми за една сезона чини 1.000 денари!

„Кај нас во хотелот за гуми, тие се чуваат според правилата пропишани на производителот. Тоа значи додека гумите се складирани на специјални сталажи дизајнирани за таа намена така што притисокот е на повеќе точки на гумата со цел истата да не се деформира. Хотелот за гуми овозможува гумите да не бидат изложени на никакво влијание на надворешни услови, хемикалии, влага и особено сонце. Тоа значи дека се исклучуваат сите можни надворешни фактори за уништување и намалување на долговечноста на гумите “, објаснува Александар Трајковски, менаџер на “Пнеуматик“.

- Advertisement -

Новиот хотел за гуми е сместен во салонот на „Пнеуматик“ на Булевар Србија во Скопје и функционира од февруари минатата година. За потребите на хотелот за гуми се нарачани специјални сталажи од Германија. Нивната конструкцијата е така направена што кога се редат гумите притисокот удира точно на 11 различни точки и се избегнува секакво искривување на гумите. Ја задржуваат трајноста на гумите и се продолжува нивниот век на употреба. Крајното негативно влијание од неправилно складирање е искривување на гумите што значително ја намалува безбедноста при возење.

 Сонцето е најголем непријател на гимите. Гумата во магацин старее 1:5 во однос на гуми складирани во надворешни услови

„Пнеуматик“ хотел за гуми во Аедрором

Кај нас се уште има потреба од едукација на потрошувачите зошто е добро и важно да ги остават гумите на професионално и соодветно чување.  Наша работа е и да ги едуцираме клиентите дека гумата е материјал кој со тек на време и под различни услови ги менува своите својства“, објаснува Александар.

- Advertisement -

Престојот во хотел за гуми чини 1.000 денари за сет гуми во една сезона. Оставајќи ги гумите овде освен што гумите ги оставате во рацете на професионалци, штедите и драгоцено време затоа што доаѓате за закажан термин.  Искуството од „Пнеуматик“ е дека редовно секоја година се случува нивни клиенти два пати да купуваат гуми затоа што истите биле украдени од подрумот каде сопственикот мислел дека ги складира безбедно и соодветно. Гумите оставени во хотелот на Пнеуматик се осигурани и под 24 часовен видео надзор со што сопствениците можат да ги избегнат ваквите непријатности. Интересот за користење на хотелот за гуми е повеќе од одличен, велат од „Пнеуматик“, но се уште има потреба луѓето да се запознаат со концептот и предностите на хотел за гуми.

Какви гуми ќе изберете во голема мерка зависи од возачот: како вози, колку често вози и каде, односно на какви патишта вози! Тимот на “Пнеуматик“ е добро обучен да ги препорача најсоодветните гуми за секој возач

„Пнеуматик“ е компанија која веќе 26 години се занимава со трговија на гуми, бандажи и акумулатори. Во портфолиото има најмногу брендови на македонскиот пазар, вкупно 15. Тие се движат од премиум сегмент како Michellin, Dunlop, Good Year, па се до среден и економичен сегмент како Sava, Tigar и други.  Пнеуматик е ексклузивен увозник за Македонија на светски познатите брендови CooperTires – долгогодишен победник на Рели Дакар, Kelly Tires – американски бренд со повеќе од 100 годишна традиција и Nankang – тајвански гуми кои котираат одлично на светскиот пазар, а во Македонија допрва се пробиваат.

Компанијата работи и со големи дистибутерски компании, компании кои имаат големи возни паркови, но и со физички лица како крајни корисници. Едукацијата и информирањето се составен дел работата на стручниот тим во оваа компанија, кој постојано е во тек со новитетите на брендовитe кои ги застапуваат.

Сподели!
- Advertisement -