Швајцарскиот град Олтен целосно прекриен со чоколада после дефектот во фабрика на Lindt

- Advertisement -

Швајцарскиот град Олтен остана прекриен со парчиња чоколада откако се случи дефект во фабриката за чоколади на Lindt. Жителите на градот ги затекна неверојатна глетка на небото – снег од честички ситен какао прав откако се расипа вентилациониот систем во фабриката.

Од компанијата Lindt & Spruengli потврдија дека во фабриката во Олтен, град кој се наоѓа помеѓу Цирих и Базел, дошло до помал дефект во вентилацијата за ладење печени парчиња какао, кои се основа на чоколадите.

- Advertisement -

Во комбинација со силниот ветар кој дувал тој ден, какао правот се проширил по непосредната близина на фабриката. Вентилациониот систем е поправен и фабриката продолжила со производство, а од компанијата порачаа дека честичките се целосно безбедни по животната средина и здравјето на луѓето.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -