Научниците пресметаа точно колку подолго ќе живееме ако имаме почист воздух

- Advertisement -

Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е најголемиот ризик со кој се соочуваат луѓето како последица на сопственото невнимание. Но, што значи тоа за нас? Истражувачи составија мапа базирана на најновите податоци која покажува колку подолго би живееле доколку имаме почист воздух за дишење.

Во Кина, на пример, загадениот воздух скратува по 3 години од животот на луѓето, додека во Индија прочесно четири години помалку живеат луѓето бидејќи немаат чист воздух за дишење. Работите не се посјајни ни во САД, особено ако живеете во Калифорнија.

- Advertisement -

Истражувањето го спровел заеднички тим на научници од САд, Израел и од Кина. Тие пронашле силна врска меѓу намалениот животен век и загадувањето на воздухот. Според наодите, животниот век се крати за околу 7 месеци со секои нови 10 микрограмови честички PM10 на кубен метар воздух.

Со помош на податоците тие го направија Индексот за квалитетот на воздухот и животниот век (Air Quality-Life Index  – AQLI). Индексот е алатка која покажува во секоја земја во светот колку подолго би живееле луѓето кога би имале почист воздух за дишење базирано на нивото на PM2.5 честички, кои се сметаат за упте поопасни и сега се глобален индикатор за загадување на воздухот. Истражувачите сметаат дека секои нови 10 микрограмови PM2.5 честички на кубен метар воздух кратат по една година од животот на луѓето.

- Advertisement -

Од мапата може да се види дека кога Македонија би имала почист воздух, животот на луѓето би се продолжил за 0,59 години. Целосната мапа можете да ја погледнете на овој линк.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -