До јуни ќе биде готова новата мрежа на Instagram која ќе конкурира на Twitter

- Advertisement -

Турбулентниот период низ кој помина Тwitter откако го презеде Маск, кој може да се смири евентуално со доаѓањето на новата директорка, се обидуваат да го искористат сите конкурентски мрежи. Во последните шест месеци некои од постојните, но и новите мрежи како Bluesky, Post, Mastodont и сл. се обидоа да ја искористат ситуацијата и да ги украдат корисниците на Twitter.

Проблемот со тие платформи е што на нив корисниците почнуваат од нула. ТОа значи дека ќе мора да отвораат нови профили, да се поврзуваат со контакт и да ја градат својата репутација од почеток, иако можеби на други мрежи имаат поголем број на следбеници, односно пријатели.

- Advertisement -

Решение за сите такви корисници на кои им се допаѓа концептот на Twitter, но не сакаат се да прават од нула има Instagram. Познато е дека оваа социјална мрежа размислува за нов вид на платформа која ќе биде базирана на текстуална комуникација, а благодарение на експертот за социјални мрежи Лиа Хаберман, кончено дознаваме како ќе изгледа новиот потенцијален конкурент на Twitter.

Таа наишла на слајд од наводни промотивни маркетинг материјали за новата платформа, која моментално се развива под кодните имиња P92 и Barcelona. Изгледот на платформата The Verge го опиша како очекувана комбинација од Instagram и Twitter, која овозможува да објави текстуален запис до 500 знаци, покрај кој може да се приложат и фотографии, видеа и линкови. Како што објави Лиа, оваа мрежа може да биде готова до јуни.

- Advertisement -

Она што е посебно интересно и што оваа апликација може ја издвои од другите конкуренти е тоа што на неа корисниците ќе можат да се пријават со постоечките податоци од Instagram и во неа да ги внесат сите свои податоци, вклучувајќи ги и следбениците и луѓето кои ги следат. Значи во неа нема да се стартува од нула, туку со сите постоечки податоци, а апликацијата треба да има и алатки за модерирање на содржините, односно корисниците ќе одлучуваат кој ќе може да им одговори на објавите, да ги споменат во своите објави, додека профилите кои ги блокирале на Instagram ќе останат блокирани и на таа текстуална апликација.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -