Фармацевтскиот гигант Pfizer најави тестирање на вакцината против корона вирусот на деца

- Advertisement -

Производителот на лекови Pfizer планира да започне со тестирање на својата експериментална вакцина против корона вирусот на деца помали од 12 години, а родителите веќе изразија заинтересираност за пријавување на своите деца. Тоа ќе биде првото испитување на вакцината против корона вирусот во САД кое ќе опфати деца.

Во Детската болница во Синсинати неделава започна тестирање на тинејџери, а подоцна е планирано да се префрлат на возраст од 12 до 15 години, вели докторот Роберт Френк, директор на Центарот за истражување вакцини во болницата.

- Advertisement -

Компанијата, пак, на својата веб страница потврди дека има одобрение од американската Управа за храна и лекови во своето истражување да вклучи и деца помали од 12 години.

Навистина мислиме дека вакцината за адолесцентите и за децата ќе биде пресудна за да се стави под контрола корона вирусот. Мислам дека една од работите кои мора да ги запомнеме е дека иако стапката на смртност на децата со КОВИД-19 е пониска отколку кај возрасните, сепак, не е 0“ вели Френк.

- Advertisement -

Тој, исто така, верува дека повеќе деца се заразени со корона вирус отколку што покажуваат официјалните податоци. Според него, веројатно сме откриле помал број на заразени деца отколку реалниот затоа што децата не се разболуваат толку многу за родителите да ги одведат на тестирање.

Pfizer е една од четирите компании кои имаат вакцини во напредни клинички испитувања во трета фаза во САД. Компанијата наведува дека во своите истражувања има вклучено околу 38.000 доброволци.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -