Харизматичниотѕ лидер на групацијата Samsung, Ли Кун-хи, кој го изгради Samsung до водечки производител на паметни телефони умре во саботата, откако помина повеќе од шест години во болница поради срцев удар.
Смртта на Ли (76), најбогатиот Јужнокореец, чие богатсво според Forbes вреди 20,9 милијарди долари, ќе го поттикне интересот на инвеститорите за реструктурирање на групацијата во која тој има удел во клучните компании како Samsung Life и Samsung Electronics.
Имено, Samsung Life е најголем акционер во Samsung Electronics, а Ли е сопственик на 20,76% од осигурителната компанија и најголем поединечен акционер во Samsung Electronics со удел од 4,18%.
Претседателот Ли беше вистински визионер кој го претвори Samsung од локална компанија во водечки светски иноватор и индустриски центар, објавија од Samsung и додадоа дека неговата декларација за новиот менаџмент од 1993 година била движечката сила која на компанијата и помогнала да ја испорача најдобрата технологија за изградба на глобално општество.
Во текот на неговиот живот, се вели во изјавата од компанијата, Samsung израсна од второкласен производител на телевизори во најголема светска технолошка компанија според приходите која ги надмина компаниите Sony, Sharp и Panasonic на полето чипови за телевизори и екрани, стави крај на надмоќта на Nokiа и го победи Apple на полето на паметните телефони.
Засега не е познато како ќе се подели богатството меѓу неговите три деца. Ако меѓу децата постои консензус, Samsung мирно ќе помине низ процесот на наследување. Неговиот син Џеј И. Ли има правни проблеми поради поврзаност со здружувањето на две подружници на Samsung, што му овозможи поголема контрола над Samsung Electronics. Помладиот син поминал некое време во затвор поради подмитување и го очекува повторно судење.
(Zimo)
(фото: Wikipedia)