WT2 Edge се првите слушалки во светот кои вршат двонасочен симултан превод

- Advertisement -

Во 2018 година Timekettle го претстави Тimekettle WT2 plus, уред кој вшреше превод во реално време, а го поддржаа корисници од над 90 земји во светот. Сега компанијата се враќа на пазарот со нов производ – Тimekettle WT2 edge, првите слушалки во светот кои вршат двонасочен симултан превод.

Тimekettle WT2 edge слушалките можат да преведуваат до 40 јазици во реално време. Тие им овозможуваат на луѓето да разговараат едни со други на различни јазици без непријатни паузи во разговорот додека се чека на преводот благодарение на интегрираната технологија за двонасочен симултан превод.

- Advertisement -

Слушалките се опремени со моќна вештачка интелигенција за превод и овозможуваат учесниците во разговорот да уживаат во природен и течен разговор додека истовремено забораваат на јазичните бариери.

Со комбинација на двојни микорфони и адаптивен алгоритам за препознавање глас и намалување на бучава Тimekettle WT2 edge слушалките овозможуваат точно слушање на гласот и гарантираат прецизен двонасочен симултан превод со блокирање на надворешните звуци.

- Advertisement -

Во нив се интегрирани шест од водечките мотори за превод во светот. Покрај тоа, WT2 edge постојано се оптимизираат за да ја зголемат прецизноста на 95% и да овозможат висококвалитетен превод. Брзината на преводот со овие слушалки може да биде од 0,5 до 3 секунди.

Проектот моментално собира средства на платформата за групно финансирање Indiegogo.

- Advertisement -

(Designboom)

(фото: Indiegogo screenshot)

Сподели!
- Advertisement -