Boston Dynamics, компанијата која произведува роботи како кучето Spot, наскоро може да се најде во рацете на Hyundai, пренесува Bloomberg reports. Според извоири блиски до компаниите, сегашниот сопственик Softbank е во преговори со корејскиот производител на автомобили. Зделката може да вреди до 1 милијарда долари, иако уште не е финализирана. Hyundai можеби изгледа како невообичаен партнер за Boston dynamics затоа што произведува автомобили, но компанијата исто така поседува и цела групација посветена на индустриски роботи, каде што технологијата на Boston Dynamics ќе се вклопи одлично.
Како што пишува TechCrunc, Boston Dynamics досега се фокусира на комерцијализација на технологијата откако стана дел од SoftBank во 2017 година. Компанијата првично произлезе од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), па ја купи Google во 2018 година. Таму главно помагаше во истражувачката работа. Префрлањето на сопственоста на Hyundai може да ја турне компанијата кон комерцијализација на својата технологија.
(EnGadget)
(фото: Boston Dynamics screenshot)