Наскоро на Twitter ќе биде овозможено гласовно „твитање“

- Advertisement -

Twitter помина долг пат од микро блогерска платформа со светска социјална мрежа. На тој пат се случија многу промени, а последната која уште е во фаза на тестирање може да биде и најголемата.

Имено, Twitter воведува гласовни твитови. Така, корисниците наместо да пишуваат, ќе можат да зборуваат во аудио соби за разговори кои се викаат Spaces (простори). Иако аудиотвитовите уште се во експериментална фаза и достапни се за мал број тест корисници, истакнуваат дека сакаат на корисниците да и овозможат да ја искусат интимноста на човечкиот глас.

- Advertisement -

Човечкиот глас може да го подигне нивото на поврзување на Twitter, преку емоции, нијанси и емпатија , која често се губи во текстусалната форма. Некогаш 280 знаци не се доволно затоа што гласот овозможува луѓето а друг начин да се приклучат во разговорот, напишаа на Twitter.

Администраторите треба да имаат целосна контрола над тоа кој смее, а кој не смее да разговара во Spaces. Исто така, се тестираат и низа други опции како транскрипција во живо, споделување твитови, но и можноста да се блокираат поединци или да се пријават поради непримерно однесување.

- Advertisement -

Нашиот нов експеримент ги приближува луѓето директно преку интимен простор за разговор. Ги замисливме Spaces да бидат како свечена вечера. Не мора да ги познавате сите повикани на вечера за да се чувствувате добро и да се забавувате. Сакаме Spaces да ви го даваат тоа магично чувство, велат од Twitter.

Гласовното твитање беше претставено уште во јуни годинава, но тоа се однесуавше на можноста за додавање на аидуо снимка на својот текстуален твит и беше достапно само за корисниците на iOS уреди. Засега нема информации кога гласовното твитање ќе стане достапно за сите корисници.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -