МИТ постигна нова рекордна брзина на пренос на податоци од вселената

- Advertisement -

Малиот сателит кој го развија инженери на Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) постави нов рекорд во преносот на податоци меѓу сателит и Земјата.Системот TeraByte InfraRed Delivery (TBIRD) на МИТ користел ласер за пренос на огромни количини податоци со брзина до 100 гигабити во секунда. Оваа брзина на пренос на податоци е далеку поголема од најголем дел од врските воспоставени меѓу Земјата и вселената. Сателитскиот интернет Starlink на SpaceX нуди до 500 Mbps за премиум корисниците, а дури и преносот на податоци од Меѓународнаста вселенска станица достигнува околу 600 Mbps. Тоа значи дека TBIRD е до 200 пати побрз.

Клучната разлика е во тоа што најголем дел од сателитите од станиците на Земјата комуницираат преку радиобранови, а TBIRD користи ласерско светло кое може да пренесе до 1.000 пати повеќе податоци во секој пренос. Ласерите, сепак, имаат одредени тешкотии затоа што зраците се потесни бараат попрецизно усогласување меѓу испраќачот и приемникот, а светлината може да биде искривена од атмосферата, што доведува до губење на податоци. Затоа TBIRD е осмислен за да ги надмине тие проблеми.

- Advertisement -

Сателитот содржи три главни готови компоненти: брз оптички модем, оптички засилувач на сигналот и диск за складирање, а сето тоа е спакувано во кутија со големина на кутија за чевли. За да се справат со губењето податоци тимот развил нова верзија на она што се вика протокол за автоматско повторување на барање. Тоа им овозможува на приемниците на Земјата да ги предупредат испраќачите на одредени пакети податоци кои ги пропуштиле, така што сателитот може повторно да ги испрати.

Откако ја достигнаа првичната мисија на TBIRD за брз пренос на огромни количини податоци, МИТ сега планира тоа да го дуплира. Водителката на проектот TBIRD, Џејд Ванг, вели дека планираат да додадат нови опции на системот, вклучувајќи зголемување на брзината на 200 гигабити во секунда, овозмоѓувајќи брзина на симнување податоци од на 2 терабајти, што е еднакво на 1.000 филмови со висока резолуција.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: MIT)

Сподели!
- Advertisement -