Google ја тестира опцијата за купување директно од видеа на YouTube

- Advertisement -

YouTube ја тестира опцијата за купување производи кои се споменати или искористени на некои од вашите омилени канали. Како што велат оттаму, креаторите на содржини кои се дел од пилот опцијата ќе можат да вклучуваат одредени производи во нивните видеа. Потоа ако кликнете на иконата со корпа за шопинг на долниот лев агол од екранот, YouTube ќе ви прикаже листа со избраниот производ.

Ќе можете да дознаете и повеќе информации за тие произвoди, да погледнете видеа поврзани со нив или да ги купите предметите. Само корисниците од САД кои пристапуваат до YouuTube преку Android, iOS или веб пребарувач ќе можат да ја видат иконата со корпата за шопинг.

- Advertisement -

Има безброј сценарија во кои оваа опција би фунционирала за промовирање на брендови поврзани со видеата. На пример, на креаторите на содржини за готвење можат да ставаат линкови до прибор за готвење, гемјерите до некои компоненнти за компјутерите, каналите на кои се снимаат импресиите од некои производи кои ги корисдтат на видеото итн.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -