Општина Аеродром бара граѓаните да ги пријавуваат загадувачите

- Advertisement -

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22:00 часот секој работен ден, соопштуваат од Општината.

-Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности.

- Advertisement -

Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515. Инаку, во текот на ноември инспекторите изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имаше и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени, се наведува во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -