Русите одобрија и трета вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Министерството за здравство на Русија регистрираше и трета вакцина против корона вирусот. Вакцината CoviVac ја произведе Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунолошки препарати „М.П.Чумаков“.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, изјави дека првите 120.000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во употреба на средината на март. Центарот „Чумаков“ планира вакцината да ја пласира и на меѓународниот пазар.

- Advertisement -

CoviVac е вакцина на база на целиот вирус. Такви препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во состојба да ја предизвикаат болеста или веќе убиени вируси, појаснуваат.

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против корона вирусот – Ѕputnik V, која ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј на руското Министерство за здравство и Еpivaс на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор.

- Advertisement -

Рускиот фонд RDIF, одговорен за продажба на вакцината во странство, изминатите недели е во спор со Европската медицинска агенција за тоа дали испратиле барање за одобрение на руската вакцина или не. За најголем дел од членките на ЕУ потребно е одобрение од агенцијата за да користат некоја вакцина.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -