Ви ја претставуваме најбезбедната и најмоќната турбина на ветар во светот

- Advertisement -

Halcium е мала компанија од Солт Лејк Сити, Јута, САД, која тврди дека ја направиле набезбедната и најмоќната турбина на ветар во светот. Нивниот преносен уред се вика Powerpod и е дизајниран за станбени и урбани средини каде што нема доволно простор за масивни турбини.

Турбината е голема колку едно буре и може да се постави на зграда, на комби, на брод или на која било безбедна површина. Ветрот може да влезе во турбината од која било страна и од повеќе страни истовремено. Перките се сокриени и безбедно е да се постави на место каде што има домашни миленичиња, животни или деца.

- Advertisement -

Еден Powerpod од 1kW генерира трипати повеќе енергија отколку турбини поставени на голема висина затоа што ветрот се пренасочува до посебен напреден систем во турбината каде што се забрзува ветрот за 40%. Забрзувањето на ветрот генерира електрицитет дури и кога надворешниот ветар е слаб, па така се создава повеќе енергија.

Powerpod може да се приклучи на електричен систем на ист начин на соларните панели. Може да се користи заедно со соларен систем или самостојно. Основачот на Halcium, Ник Хоџис, вели дека е поевтино отколку соларни панели и поефикасно во недоволно осветелни места, односно секаде каде што има помалку од 300 сончеви денови во годината.

- Advertisement -

(Halcium)

(фото: Halcium)

Сподели!
- Advertisement -