Тинејџерите кои дишат загаден воздух се во поголема опасност од психички пореметувања

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот има многу подолготрајни ефекти врз тинејџерите отколку што се мислеше порано. Едо нов истражување од Велика Британија покажало дека адолесцентите кои се изложени на загадувачи како што се азотните оксиди многу почесто имаат психички проблеми во текот на тинејџерските години.

Луѓето кои живеат во густо населени урбани средини имаат поголем ризик од развој на клиничка психоза. Меѓу можните психички заболувања е и шизофренијата. Пред ова истражување истражувачите уште немаа направено долгорочна студија на врската меѓу загадувањето на воздухот и менталните пореметувања, иако загадувањето на воздухот е се посериозен проблем во урбаните средини на Земјата.

- Advertisement -

Новото истражување објавено во Jama Psychiatry анализирало повеќе од 2.200 деца во Велика Британија и ја истражувало врската меѓу загадениот воздух и менталното здравје. Истражувањето траело 18 години и вклучувало деца од различни социоекономски средини и географски локации. Во повеќе од 92% од случаите учесниците пројавиле некои знаци на психоза како интензивна параноја или слушање гласови.

„Октривме дека психозата кај адолесцентите е многу почеста во урбаните средини“ објасни Џоен Њубери, еден од наулнциите од Кралскиот колеџ во Лондон. Таа додава дека не можеле да направат директна врска меѓу искуството на тинејџерите кои биле дел од истражувањето и ззагадениот воздух, но резултатите од сите испитувања наведуваат на тоа дека штетните хемикалии кои се наоѓаат во воздухот се битен фактор во појавата на психоза кај урбаната популација.

- Advertisement -

Во истражувањето биле земени предвид и биолошките фактори. Експертите проценуваат дека во 2050 година повеќе од 70% од популацијата во светот ќе живее во градовите. Бидејќи ќе има многу повеќе луѓе во градовите, многу е битно да се открие зошто жителите на градовите се поподложни на ментални заболувања. Научниците од Кралскиот колеџ од Лондон се надеваат дека ќе можат да спроведат уште едно долготрајно истражување за да ја потврдат врската меѓу психозата и загадениот воздух.

Сподели!
- Advertisement -