Авионот со најшироки крила во светот успешно го направи својот втор лет

- Advertisement -

Компанијата Stratolaunch, која ја основаше покојниот соосновач на Microsoft, Пол Ален, успешно го направи вториот тест лет на авионот Roc. Тоа е првиот лет под новата сопственост, две години после првиот тест лет.

Летот беше многу успешен. Постигнавме се што сакавме, немаше аномалии и многу сме задоволни со состојбата на авионот после слетувањето“ изјавија од Stratolaunch.

- Advertisement -

Авионот достигна висина од 4 км над пустината Мохаве во Калифорнија со помош на своите шест мотори. Летот траеше 3 часа и 14 минути, а потоа авионот слета на аеродромот Мохаве. Должината на летот е подолга во однос на првиот лет во 2019 година.

Распонот на крилата е нешто повеќе од 117 метри и дупло е поголем од „Боинг 747“, што значи дека е најширок на светот. Авионот е дизајниран за да го носи суперсоничното автономно летало Talon-A во форма на авион со ракетен погон со должина од 8,53 и ширина од 4,26 метри. Ова летало ќе послужи за хиперсонични тестирања кои планира да ги направи американското Министерство за одбрана.

- Advertisement -

Talon-A ќе го активира својот ракетен мотор на течно гориво и ќе полета високо во Земјината атмосфера. Тоа ќе биде хиперсоничен лет кој ќе трае 60 секунди, а пота леталото самостојно ќе слета на пистата. Во текот на вториот тест лет не е користен Talon-A.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -