Џек Дорси и екипата од Twitter веќе долго време се обидуваат да најдат начин за да ги зголемат приходите од компанијата, а последните месеци кружеа гласини дека подготуваат претплата на своите услуги. Тие гласини се покажаа вистинити и кај дел од корисниците на продавниците на апликацијата се појави претплатнички сервис наречен Twitter Blue, за кој требa да се плаќа месечен износ од 2,99 долари.
Посебно е интересно тоа што од Twitter не објавија никакви официјални информации за претплата. Иако таа опција се појави на продавниците на апликацијата, таа не може да се активира, односно не е достапна за сите, а од социјалната мрежа не сакаат да ги коментираат информациите за опциите кои ќе бидат достапни за претплатниците.
Сепак, благодарение на блогерката Џејн Маншун Вонг, која на Twitter напиша дека стана првиот тест корисник на Twitter Blue, дознавме некоие детали за достапните опции. Една од нив е и undo, односно поништувањето на испратените твитови, што е опција за која гласините кружат со месеци. Исто така, новитет се и колекциите, каде што може да се распоредуваат најбитните твитови за после полесно да може да се пронајдат. Twitter Blue доаѓа со опции за промена на бојата темата и бојата на иконата на апликацијата, а на многумина најинтересна опција би им била Reader modе.
Вонг вели дека таа опција доаѓа наскоро, а ќе овозможи полесно читање на содржините на Twitter. Со Reader modе на корисниците на прегледен начин ќе им биде достапен цел разговор.
(Zimo)
(фото: Pixabay)