Осум хрватски технолошки компании меѓу 50 најбрзорастечки во централна Европа

- Advertisement -

Осум хрватски технолошки компании се најдоа на годинашната листа на Deloitte со 50 најбрзорастечки во централна Европа според критериумот приходи. Освен тоа, две од компаниите се најдоа во категоријата„Ѕвезди во подем“.

Најдобро се пласирани Rimac Automobili, кои се на 10-тата позиција со 1059% раст од 2013 до 2016 година. Code Consulting е на 22-ро место со раст од 545%, Telum е на 25-то место со раст од 520%, а Profico е на 28-мо место со раст од 466%. Потоа седуваат Undabot на 35-то место со раст од 421%, Hangar 18 на 40-то место со раст од 368%, Gauss на 45-то место со раст од 315%. Во категоријата „Ѕвезди во подем“ компанијата Q е на второ место со раст од 2246%, додека Merit Media е на 9-то место со раст од 712%.

- Advertisement -

Педесетте најбрзорастечки технолошки компании во централна Европа поставија нов рекорд на стапката на раст од 1.127%. Веќе втора година по ред се забележува раст поголем од 1.000%. На листата се наоѓаат компании од 11 земји, а првите мет по прв пат се на листата. После Полска, Хрватска е втора земја од регионот со најголем број пласирани компании меѓу топ 50.

Првото место на листата со најбрзорастечки компании го зазеде чешката компанија за онлајн резервација на летови, Kiwi.com. Компанијата минатата година беше на петто место во категоријата „Ѕвезди во подем“.Во анализираниот период Kiwi.com ја зголеми стапката на раст од 1.534% на 7.165%.

- Advertisement -

На второ место е минатогодишниот победник во категоријата „Ѕвезди во подем“, литванската компанија Deeper, која изработува паметни технолошки решенија во спортот.  Нивните приходи растеле со стапка од 7.048%.

Најголем раст забележа треторангираната компанија Prusa Research од Чешка, која во однос на минатата година забележа стапка на раст од 688% на 6.910%.

- Advertisement -

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -