За какво било излегување на Rimac Automobili на берза се зборува веќе некое време, но досега немаше конкретни информации. Германското списание Manager Magazin,повикувајќи се на лица добро информирани за целата ситуација, објави дека Мате Римац планира да ја понуди својата компанија на отворен пазар и тоа преку ИПО (иницијална јавна понуда).
Според тие информации, Римац сака да ја зголеми вредноста на компанијата на дури 5 милијарди евра. Нивното ИПО веројатно нема да биде на хрвстската, туку на некоја од светските берзи. Но, пред да почнат со подготовки за тоа Тимац, наводно, Римац сака да заврши со уште една аквизиција – купување на производителот на лускузни автомобили Bugatti.
Од Rimac Automobili нема никакви коментари, а од Volkswagen, кој моментално е соспственик на Buggati, се многу внимателни со какви било информации за продажбата на Bugatti на Мате Римац.
Според гласините, Porsche би го презел Bugatti, а потоа голем дел од акциите би му дал на Римац и за возврат би добил сопственички удел во Rimac Automobili. И списанието Manager Magazin споменува сличен договор, според кој Rimac Automobili би добиле 55% од Bugatti, а Porsche 45%.
Теѓко е да се предвиди колкава ќе биде вредноста на таа зделка. Од VW не кријат дека би сакале да завршат со Bugatti уште оваа година, затоа што ценетитот бренд за луксузни автомобили последните години почна да губи од важноста. Се проценува дека таа работа би била довршена до есен, што на Римац ќе му даде доволно време за да подготви ИПО за 2022 година. Дека станува збор за настан кој е глобален интерес говори и фактот што веста ја пренесоа светски медиуми.
(Zimo)
(фото: YouTube)