На сателитите „Старлинк“ ќе им требаат до 30 милијарди долари за да обезбедат брз интернет во светот

- Advertisement -

Милијардерот Илон Маск неделава изјави дека на неговиот амбициозен проект „Старлинк“ ќе му требаат до 30 милијарди долари за да ја оствари својата првична идеја. Имено, Маск досега распореди околу 1.500 сателити во т.н. ниска орбита, коишто на подалечните и помалку развиени области во светот треба да им обезбедат брз интернет.

Сепак, за да ја продолжат својата мисија од небото, на сателитите од „Старлинк“ ќе им бидат потребни уште 5 до 10 милијарди долари пред проектот да започне да остварува приходи. Илон Маск изјави дека целокупната инвестиција во проектот би можела да достигне и до 30 милијарди долари. Моменталниот број на корисници изнесува 69.000, јавува Ројтерс.

- Advertisement -

Сепак, плановите на Илон Маск за наредните 12 месеци се бројот на корисници на брзиот интернет преку „Старлинк“ да достигне половина милион корисници. Тој во обраќањето на Светскиот конгрес за мобилна технологија – конференцијата за телекомуникациската индустрија во Барселона рече дека до август годинава со неговите сателити ќе обезбеди интернет-покриеност на кое било место во светот, освен на Северниот и Јужниот Пол.

Дел од критичарите на проектот се скептични кон можноста „Старлинк“ да доживее профитабилност, посочувајќи дека 99 долари месечно за брзиот интернет преку сателит е работа која што не сите лица кои живеат во подалечните и помалку развиени области низ светот можат да си ја дозволат.

- Advertisement -

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -