Со паметниот систем BedJet нема никогаш да се карате со партнерот дали ви е топло или ладно

- Advertisement -

Едноставен за употреба и преубаво дизајниран, BedJet е првиот ултрабрз систем во светот за греење и ладење и контролирање на климата во просториите. Системот е неверојатно тивок и во својата работа користи само воздух.

Патентираната технологија за биоритам на температурата на BedJet’s овозможува програмирање и контрола на работата за секој час од ноќта за да ви помогне за заспиете побрзо и да спиете подолго. BedJet 3 ќе го замени и вашиот будилник на телефон така што ќе го хакира вашиот природен биоритам за будење, така што вие ќе станете од спиење неверојатно свежи.

- Advertisement -

BedJet 3 доаѓа со надградба за WiFi конективност и гласовна контрола за Alexa, како и дурги системи за паметна интеграција, далечински управувач и нова апликација за iOS/Android.

Системот на ладење на BedJet базиран на воздух ви помага летно време да немате проблеми со ноќно потење. Моќното ладење делува и терапевтски за сите кои се потат додека спијат, така што подолго и поквалитетно ќе одмораат.   

- Advertisement -

Системот, пак, за греење на BedJet е вистинска лична сауна во креветот, која ве затоплува за само 60 секунди. Никогаш повеќе нема да ви студи во нозете додека спиете или да носите два пара пижами зашто сте зиморливи.

И сега она што е најидеално – опцијата за двојно подесување на BedJet ви овозможува истовремено една половина од креветот да ја загревате, додека другата ја ладите.

- Advertisement -

(Kickstarter)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -