Instagram е во фокусот ова лето откако фудбалските репрезенатативци на Англија добија расистички пораки после поразот во финалето на ЕВропското првенство, па затоа оваа социјална мрежа се обидува да спречи слични случаи во иднина со нови безбедносни функции.
Instagram подготви нешто што го нарече „limits”, а станува збор за опција која овозможува корисниците кои не ве следат да не коментираат на вашите објави или да испраќаат директни пораки. Се разбира, може и целосно да се исклучат коментарите и директните пораки, но новото решение е наменето за луѓето кои сакаат и понатаму позитивно да комуницираат со својата заедница. Instagram исто така истражува и начини за превентивно активирање на опцијата кога ќе се открие преголема активност.
Социјалната мрежа работи и на развој на опцијата „сокриени зборови“, која на корисниците им овозможува автоматски да ги филтрираат директните пораки на основа на навредливи зборови, фрази и емотикони и да ги испратат во скриен фолдер. Опцијата сега покрива долга листа со потенцијално навредливи зборови, емотикони и хаштази. Исто така, апликацијата ги предупредува луѓето кои сакаат да напишат навредливи коментари.
„Се надеваме дека новите опции подобро ќе ги заштитат луѓето од навредливи содржини, без оглед на тоа дали се работи за расистички, хомофобни, или некој друг вид на малтретирање“ велат од Instagram.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)