Blue Origin испрати уште една ракета за вселенски туризам до орбитата на Земјата

- Advertisement -


Компанијата Blue Origin успешно направи уште еден суборбитален вселенски лет со екипаж. На новото патување шест патници отпатуваа на суборбитален лет во рамките на мисијата NS-20. Ракетата New Shepard беше лансирана од Тексас во четвртокот, а отприлика десет минути после лансирањето екипажот се врати ан Земјата. Капсулата го забави своето слетување со падобран и потисници и успешно слета.

Ова е шетврти лет со екипаж на ракетата New Shepard. На првиот лет беа директорот на Blue Origin, милијардерот Џеф Безос и уште тројца патници во јули минатата година. Вториот лет беше резервиран за ѕвездата на „Ѕвездени патеки“, вилијам Шатнер, додека на третотот патување беше водителот на шоуто „Добро утро, Америка“, Мајкл Страхан.

- Advertisement -

Уште не е јавно објавено колку Blue Origin ги наплатува патувањата во вселената, а некои славни личности дефинитивно летаат бесплатно. Од друга страна, конкуренстката компанија на милијардерот Ричард Бренсон билетите за вселенски патувања ги продава за 450.000 долари, но допрва треба да започне со комерцијализација на своите летови.

Во сптември минатата година компанијата SpaceX со својата мисија Inspiration4 постави нови стандарди во вселенскиот туризам, кога во вселената испрати целосно цивилен екипаж. Тогаш членовите на екипажот на ракетата Crew Dragon поминаа четири дена во орбитата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -