Компаниите Pfizer и BioNTech известија дека нивната вакцина против КОВИД-19 покажала 100% ефикасност кај децата на возраст од 12 до 15 години четири месеци после примањето на втората доза.
Компаниите објавија дека новите податоци, кои се базирани на испитување на 2.228 учесници, може да помогнат за нивнот барање за целосно одобрение на примената на вакцината во САД и во светот.
Кај вакцинираните учесници во истражувањето, чија состојба е следена најмалку шест месеци после давањето на втората доза, не се забележани сериозни безбедносни проблеми, велат компаниите.
Со оглед на тоа дека глобалната здравствена заедница работи на зголемување на бројот на вакцинирани луѓе во светот, дополнителните податоци кои ги објавуваме придонесуваат за поголема доверба во ефикасноста на нашата вакцина меѓу адолесцентите. Резултатите од нашето испитување особено се битни вомомент кога во некои региони во светот има голем пораст на стапката на заразени со КОВИД-19 токму кај таа возрасна група. Се радуваме што овие податоци можеме да ги споделиме со Агенцијата за храна и лекови и со останатите регулаторни тела“ изјави извршниот директор на Pfizer, Алберт Боурла.
Вакцината на Pfizer во САД доби одобрение за итна употреба кај адолесцентите во мај годинава, а Pfizer и BioNTech наскоро планираат за побараат и целосно одобрение. Оваа вакцина моментално е одобрена само за постари од 16 години.
(Zimo)
(фото:ccnull.de)