Чeшка го пушти во употреба најдолгиот висечки мост во светот

- Advertisement -

Стравот и наплив на адреналин се некои од реакциите на првите посетители на најдолгиот висечки мост во светот, кој се наоѓа над планинска долина во Чешка.

Мостот наречен Sky Bridge 721 е долг 721 метар и потребни биле две години за да се изгради. Изградбата чинела вкупно околу 8,4 милиони долари. Се наоѓа на висина од 1.100 метри и спојува два планински гребени на североисточниот дел на земјата, односно на 200 км од Прага и во близина на границата со Полска.

- Advertisement -

Мостот е подолг од мостот Arouca во Португалија (516 метри), кој претходно се сметаше за најдолг висечки мост во светот.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -