Facebook планира да ја стартува апликацијата Instagram Kids за деца помали од 13 години

- Advertisement -

Во март годинава Buzzfeed News дојде до внатрешна кореспонденција за Instagram каде што се велеше дека младите се приоритет за Instagram и дека компанијата Facebook ќе продолжат со реализација на плановите за создавање нова верзија специјално наменета за деца. Тоа следуваше два дена после објавата на блог на компанијата насловен „Продолжуваме да го правиме Instagram побезбеден за најмладите членови на нашата заедница”, каде што се велеше дека мора да се преземе повеќе за да се спречи злоупотребата, малтретирањето и другите проблеми кои се случуваат на платформата.

Истиот месец Цукерберг изјави дека новата платформа наменета за деца помали од 13 години уште е во зародиш и дека има многу деца во таа возрасна група кои би сакале да користат некоја платформа како Instagram. Instagram официјално не дозволува корисници помлади од 13 години, но бидејќи нема некои строги правила за потврда на возраста, многу деца имаат профили на оваа социјална мрежа.

- Advertisement -

Меѓутоа, сега Американското национално здружение на државни адвокати го повика Facebook да се откаже од плановите за стартување на верзија на Instagram за деца помали од 13 години, Instagram Kids, поради загриженост за безбедноста и добросостојбата на децата на кои социјалните мрежи може да им нанесат многу штета.

Во писмото до извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, 44 главни државни и регионални адвокати тврдат дека социјалните медиуми може да бидат штетни за децата поради безброј причини и дека Facebook во својата досегашна пракса не успеал да ја заштити добросостојбата на децата на своите платфoрми. Како приемр ја наведуваат апликацијата Messenger Kids, која како што тврдат содржела дефект кој на децата им овозможил да ги прескокнат ограничувањата и да се приклучат на групни четови со непознати луѓе.

- Advertisement -

Адвокатите тврдат дека социјалните медиуми можат да бидат штетни за телесната, емоционалната и менталната состојба на децата. Како штетни појави ги наведуваат cyber bullying на Instagram и и злоупотребата на платформите од луѓе кои на разни начини ги експлоатираат децата.

(tportal.hr, CNN)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -